Цената на златото се движи кон нов историски максимум

t

Цените на златото закрепнаа од краткото опаѓање на почетокот на октомври, достигнувајќи 2.644,00 американски долари за унца (31,1 грам) во петокот.

Врз основа на историските движења, претстојното намалување на каматните стапки треба да предизвика раст на цената на златото, што позитивно ќе се одрази и на акциите на компаниите за ископување злато. Ако е точно дека „историјата се повторува“, тогаш со секое намалување на стапката од страна на Федералните резерви на САД што се очекува во 2024 и 2025 година, цената на златото треба да расте.

Во шест од седумте циклуси до 2020 година, цената на златото се зголеми во просек за 11 отсто во рок од една година од првото намалување на каматните стапки. Историски гледано, односот помеѓу каматните стапки и цените на златото е инверзен, при што пониските стапки обично ги поддржуваат повисоките цени на златото, известува Streetwise Reports.
Што се однесува до ефектот на еднократно намалување на каматната стапка за 50 базични поени, цената на златото порасна во просек за 8,5 отсто во шест месеци по намалувањето, според податоците од 2020 година. По приближно 4,5 години без олеснување, Федералниот комитет за отворен пазар ги намали краткорочните каматни стапки за 50 базични поени на 19 септември.

Голдман Сакс очекува цената на златото да достигне 2.900 долари за унца до почетокот на 2025 година, благодарение на комбинацијата на пониски глобални каматни стапки, посилна побарувачка од централните банки и придобивките од хеџингот на металот. Цената на златото е зголемена за 28,03 отсто од почетокот на тековната година и во септември достигна 2.685,49 долари за унца, што е највисока вредност во историјата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Службеник на ЦИА украл над 300 килограми…

Дејвид Раш, поранешен извршен службеник во Централната…

Падна цената на златото на светските берзи

Падна златото на светските берзи. Цената за унца…

Златото денес чини 126 евра за грам

Цената на златото денес на светските пазари…

Денес грам злато чини 130 евра

Цената на златото на светските пазари денес…

Златото поевтино од вчера, грам се тргува…

Цената на златото денес на светските берзи…