Кога објавивте на Фејсбук дека ја нема вашата ќерка? -Еве што ја праша адвокатот на Палевски мајката на Вања
Адвокатот на Љупчо Палевски – Палчо го искористи своето право да постави неколку прашања на мајката на убиената Вања Ѓорчевска.
Адвокатот на Палевски- рековте дека не го познавате обвинетиот?
Мајката на Вања – Лично не го познавам, меѓутоа знам кој е.
Адвокатот на Палевски – Дали ви е познато дека имел деловна соработка со татко ви?
Мајката на Вања – за продажба да.
Адвокатот на Палевски – дали ви е познато дека имало некаков проблем, неисполнети обврски?
Мајката на Вања – не ми е познато но ги имам договорот, уплатите и се дадени на обвинителството и на мојот адвокат, не постоело недоразбирање, да постоело таток ми ќе се повлеков од тоа
Адвокатот на Палевски – не ви е познато дали палевски с епознавал претходно со вашиот тако?
Мајката на Вања – не ми е познато
Адвокатот на Палевски – во колку е објавено на фејсбук дека ја нема?
Мајката на Вања – Не знам, некаде околу 11, не знам точно
Адвокатот на Палевски – дали воопшто вие можете да се сомневате дека обвинетиот се познавал со вашиот сопруг?
Мајката на Вања – Не знам, немам сознанија, не знам какви се шпекулациите во медиумите, покушавам да го заштитам детето од наслови и медиуми.
Адвокатот на Палевски – на 03.12. кога сте биле повикани во полицијата, дали во полиција ви укажале за евентуални сторители на кривичното дело?
Мајката на Вања – не, дознав од медиуми, јас од медиуми дознав дека сашко е притворен.
Адвокатот на Палевски – често знаел да им каже на децата како да се облекувата, имајќи предвид временските услови, реално ли било тоа што и го кажал спрема временските услови да се облече потопло?
Мајката на Вања – Не паметам какви беа временските услови, јас имав јанка, фаремрки но не знам дали било минус или плус.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Италијанци издоминираа на Охридскиот маратон, тинејџерот Цеков…
Најновото 39-то издание ба Охридскиот пливачки маратон…
Метеорит од Марс откри траги од древна…
Меѓународен тим научници можеби се приближил еден…
Тошковски: 25 години ЕБР – четврт век…
Единицата за брзо распоредување (ЕБР) денеска во…
(Видео) Ангелов: Ова е еден од најтешките…
Повеќе од 15 пожари на отворен простор…
Украина отвора 100.000 работни места за ветераните…
Украинската влада подготвува нова програма за отворање…