Еве како изреагирал таткото на Вања во клучните моменти по киднапирањето

t

Владимир Туфегџиќ, адвокат на таткото на убиената Вања, Aлександар постави некоклу прашања на мајката на Вања, Зорица Ѓорчевска.

Туфегџиќ – во вашиот исказ кажавте дека александар ја земал киријата од станот на наум наумовски борче, дали тоа го правел со ваша согласност?

Мајката на Вања – да

Туфегџиќ – рековте дека ви требало 5-6 минути да дојдете до зградата кадешто живее александар и претходно сте му се јавиле по телефон, а тој бил, кога сте пристигнале, веќе долу

Мајката на Вања- не беше долу, само што излезе, влезот е странично, само што излезе кога дојдов.

Туфегџиќ – кажавте дека е чудно што веќе бил подготвен, ќе се согласите ли со мене дека во ваков случај секој нормален човек одма ќе се облече?

Мајката на Вања – Тоа и го кажав.

Туфегџиќ – кажавте дека александар ја изнел својата претпоставка дека Вања е киднапира,а воедно кажавте дека не знаевме дали избегала или ја прелажал некој, можеме ли да заклучите дека и вие сте имале сомнеж во таа насока?

Мајката на Вања – Не, затоа што јас ми се вртеа многу мисли во главата, јас не реков во таа насока, избегала не е во таа насока, дали сме се скарале, се преиспитував, тинејџер е, дали два месеци може ја тиштело нешто, бев окупирана со помалата ќерка, може ја мачело нешто, можеби се куца со некој на интернет па има секакви дека ќе ја чека на училиште и да ја прелаже, дека е киднапирана заради нешто тоа не мислев.

Туфегџиќ – во оваа насока, во делот на вашиот контакт со александар првичен, може ли да ми појасните со каков тон му се јавивте?

Мајката на Вања – Се јавив му реков Вања ја нема, телефонот е недостапен, Вања ја нема, доаѓам кај тебе симни се.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Еве како изреагирал таткото на Вања во…

Владимир Туфегџиќ, адвокат на таткото на убиената…

Судот ја испрашуваше мајката: Kога сопругот ви…

Денеска во Кривичнот суд во Скопје се…

Кога објавивте на Фејсбук дека ја нема…

Адвокатот на Љупчо Палевски - Палчо го…

Шолц: ЕУ е целосна само со Западен…

Европската Унија е целосна само ако Западен…

„Црвените линии“ ги оддалечуваат Русија и Украина…

Многумина размислуваат за можноста за преговори помеѓу…