(Видео) Левица: Директорот на „Пулевски“ ги уценува родителите на затруените деца

t

Директорот на „Пулевски“ ги уценува родителите на затруените деца, вели советникот на Левица во Општина Аеродром, Горан Костовски, во врска со масовното труење на децата во ООУ „Ѓорѓија Пулевски“ во Аеродром.

– „До нас стигнаа информации и поплаки од загрижени родители кои се пожалија дека биле уценети од директорот на училиштето, Александар Филипчев, дека доколку сакаат да се откажат од храната на фирмата – трујач, „Стара Ванила”, ќе требало да си ги префрлат децата од целодневна во класична настава.

Исто така, родители се жалат дека училиштето не дозволува родителски средби, за да се разговара за случајот, иако родителите бараат.

Родители од Одборот се пожалија дека директорот настапил на состанокот како заштитник на газдата на фирмата која ги отру децата, наместо да застане на страната на затруените деца.

Многу родители се жалат дека пржените лепчиња децата наутро не ги јаделе, жалејќи се дека им мирисаат непријатно, а за ручек им се давало по вкупно шест макарони во чинија, така што децата останувале гладни.

Сакаме јавноста да знае дека в.д. градоначалникот на Аеродром, Дејан Митески, се заложи на Совет и вети пред цела јавност дека доколку се утврди дека труењето на 150-те деца е случено поради фирмата, како и што се утврди според извештаите на АХВ и ИЈЗ, тој лично ќе побара да се откаже договорот со таа фирма и ќе се бара нов добавувач на храна за училиштето.

Затоа, ние како Левица, бараме градоначалникот Дејан Митески да си достои на зборот, за разлика од неговиот претходник и итно да се раскине договорот со фирмата – трујач!

Бараме истрага – зошто директорот на школото ја штити фирмата наместо 150-те затруени деца?

Исто така, прашуваме – кој е мотивот на директорот да ги уценува родителите дека ќе морало да ги префрлат своите деца од целодневна во класична настава, доколку не сакаат нивните деца да продолжат да се хранат во училишната менза?

Дали е во прашање коруптивна зделка на директорот со фирмата?“ – прашуваат од Левица.

ЛИНК од видеото

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Левица: Директорот на „Пулевски“ ги уценува…

Директорот на „Пулевски“ ги уценува родителите на…

МАЛОЛЕТНИ УЧЕНИЦИ ОД АЕРОДРОМ НАПАДНАТИ НА ЕКСКУРЗИЈА…

Малолетни деца од основно училите од Аеродром…

Девојчиња нападнати од соученик во основно училиште…

Две девојчиња, сестри, биле нападнати вчера од…

Приведен Турчин на скопскиот аеродром, престојувал подолго…

Четириесет и едногодишен Турчин бил приведен вчера…

(Фото+видео) Тешка сообраќајна несреќа во Аеродром: Возило…

Тешка сообраќајна несреќа утрово се случи кај…