Додик: БиХ нема да го признае влезот на Албанците од Косово со лични карти

t

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, денеска изјави дека Босна и Херцеговина нема да го признае влезот на Албанците со лични карти бидејќи не го признала ниту самопрогласеното Косово.

Додик истакна дека повикувајќи се на тоа што Србија дозволила патување со лични карти преку Србија е во прилог на тоа што Косово и Метохија е составен дел на Србија, пренесува Срна.

-Државната политика на Србија го кажува тоа. И ние стоиме зад таа политика, изјави Додик во Приједор.

Тој смета дека „препотенцијата што се воведува во Берлинскиот процес не може многу да помогне“.

-Мора да се разбере, кога ја поставија таа цел, мораа да знаат дека БиХ не го призна самопрогласеното Косово и дека, се разбира, нема да го признаат ниту влезот на Албанците со лична карта во БиХ . Секако, муслиманите би го направиле тоа, Република Српска не, рече Додик.

Според него, имајќи предвид дека Босна и Херцеговина не го признала Косово, не може да воведе безвизен режим.

Косовскиот премиер, Албин Курти, претходно денеска на самитот од Берлинскиот процес, во Берлин, најави дека од 1 јануари следната година Приштина еднострано ќе дозволи слободно движење на граѓаните на Босна и Херцеговина со лични карти. (МИА)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Макрон му порача на Нетанјаху дека двете…

Францускиот претседател Емануел Макрон денес за време…

Спасовски: Една година од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ,…

Една година од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ Македонија…

САД ја продолжија вонредната состојба во Западен…

САД ја продолжија националната вонредна состојба во…

„Пиреj” на Петре М. Андреевски номиниран за…

Романот „Пиреј“ на Петре М. Андреевски преведен…

Српската полиција уапси шест лица за „планирање…

Српското Министерство за внатрешни работи вечерва објави…