Клиника Козле: Не е утврден пропуст во постапувањето и лекувањето на 14-месечното дете
Денеска Клиниката за респираторни заболувања кај децата „Козле“ изрази уверување дека не било направено никакво неправилно постапување или лекување на 14-месечното дете кое почина.
„Стручниот колегиум при Јавната здравствена установа Универзитетска клиника за респираторни заболувања кај децата ‘Козле’, одговорно тврди дека сите лекари кои биле инволвирани во лекувањето на детето ги преземале и реализирале сите расположливи и потребни прегледи и иследувања и дадена е соодветна терапија според медицинските протоколи. Не е утврден пропуст во постапувањето и лекувањето на детето, во согласност со целокупната медицинска документација како доказ во Клиниката“, велат од таму.
Како што велат, се очекува мислење од етичката комисија на Лекарската комора, а потоа ќе преземат соодветни следни чекори.
Во соопштението, од Клиниката се изразува искрено сочувство до семејството на бебето.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Изминатото деноноќие 15 пријави за семејно насилство…
На 15.11.2026 во 05:05 часот на ул.…
Пронајдено тело на машко лице по гаснењето…
Во пожарот што синоќа пред полноќ избувна…
Бугарската опозиција бара оставка од шефот на…
Пратеничката група на „Демократска Бугарија“ бара оставка…
Кочанец ѝ се заканувал на делчевка по…
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднела…
Хорор во Охрид: Ја тепал девојката до…
Ужас го потресе Охрид, откако триесет и…