Бислимоски: Треба да се одложи данокот за јаглерод диоксид
Македонија како и другите земји од Западен Балкан би требало да плаќаат данок за јаглерод од 1 јануари 2026 година. Притоа во игра се две опции – да се плаќа за секој произведен мегават-час електрична енергија од јаглен, или да се плаќа такса на секој производ што ќе се извезе во земја членка на ЕУ.
– Треба да се направат анализи дали воопшто е потребно толку драстично да започне воведувањето на данокот за CО2 од јануари 2026 година во нашиот регион имајќи предвид дека домашното производство на електрична енергија во Македонија, во Босна и Херцеговина, во Србија, Косово и во Црна Гора се заснова, пред сè, на термоелектрани и тоа би било сериозен удар на самите економии. Треба отворено и со анализи да разговараме со претставниците на Европската Унија за начинот – кога и како да ги примениме овие обврски. Ако се реши примената да биде од 1 јануари 2026 година, тогаш ќе ни треба сериозна финансиска поддршка од Европската комисија, на ист начин како што се третирани земјите членки на Европската Унија- рече претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Апел за помош: Да му помогнеме на…
Почитувани читатели на Инфомакс, Марко е на…
Да му помогнеме на Марко: 15.000 евра…
Почитувани читатели на Инфомакс, ве замолуваме доколку…
Peзил, некои работи не стареат добро –…
Изјавата од ноември Нема да има ценовни…