УЕФА бара итен состанок на ФФМ и Владата и да не се меша политика во мак-фудбалот!
Како што известуваат од Фудбалската федерација на Македонија, претседателот на УЕФА, Александер Чеферин го повикал првиот човек на ФФМ, Муамед Сејдини на итен состанок кој се одржал во седиштето на УЕФА во Нион.
Еве што соопштуваат од ФФМ:
„Претседателот на Фудбалската Федерација на Македонија, Муамед Сејдини денес престојуваше во Европската куќа на фудбалот во Нион (Швајцарија) на покана на првиот човек на УЕФА. Физичкиот напад врз нашиот претседател и последните случувања во нашата земја беа повод веднаш после натпреварот со Ерменија да биде свикан итен состанок од претседателот на УЕФА Александар Чеферин, а по добиените информации од УЕФА за политичко мешање во работата на Федерацијата, со што е загрозен нејзиниот интегритет.
Претседателот Сејдини, од прва рака и во детали го извести претседателот на УЕФА за настанатата ситуација а УЕФА изрази силна поддршка за заштита на ФФМ, и нејзиниот интегритет.
Претходно (вчера), УЕФА и ФИФА заеднички испратија писмен допис до ФФМ во кој бараат закажување на состанок со претставници на владата во најскоро можно време. ФФМ веднаш го пренесе овој допис до владата на РМ во очекување на термин за бараниот состанок.
УЕФА и ФИФА се непоколебливи во нивната намера да го задржат интегритетот на фудбалот и федерацијата.
Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин изрази искрени честитки за освеното прво место на македонската фудбалска репрезентација во групата Ц во Лигата на Нации со желби за понатамошни успеси и достигнувања.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ПОЖАР ВО СЕДИШТЕТО НА ЦИА: Пожарникари интервенирале…
Пожар избувнал во седиштето на американската Централна…
САД предупредуваат дека украинските напади длабоко на…
Пентагон денеска ги замоли западните земји кои…
КИБЕРНАПАД ВРЗ НАЈГОЛЕМИОТ СНАБДУВАЧ СО ПРИРОДЕН ГАС…
Норвешкиот енергетски гигант „Еквинор“ (Equinor), најголемиот снабдувач…
ПОРАНЕШНИОТ БУГАРСКИ ЦАР СО ПОРАКА ПО СРЕДБАТА…
Поранешниот бугарски цар и експремиер Симеон Сакскобурготски…
НЕОЧЕКУВАН ПОВИК ВО ИЗРАЕЛСКИОТ ПАРЛАМЕНТ: Нетанјаху итно…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, според информации што…