Џака: Не спиев до осум часот наутро по поразот од Србија
Швајцарија е едно од најголемите разочарувања во досегашниот дел од Лигата на Нации, откако оваа селекција е последна во својата група со само еден освоен бод, зад Шпанија со 10, Данска со 4 и Србија со четири бода на своите салда.
Швајцарците синоќа против Данска ремизираа 2-2 со скандинавската селекција, но капитенот Гранит Џака не крие дека најмногу од се го боли поразот во Лесковац од Србија претрпен пред неколку дена.
„Ќе бидам искрен, не можев да спијам до осум часот наутро следниот ден, по оној пораз од Србија. Тоа беше многу емотивен натпревар и секако дека поразот тешко ми падна. Самокритичен сум како човек, секогаш се мачам да заспијам по поразите, но ова траеше премногу долго…“, прокоментира Џака.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Три лица повредени во сообраќајна несреќа на…
На 25.09.2026 во 20:20 часот во ОВР…
Вучиќ откри што му кажал на Путин
Српскиот претседател Александар Вучиќ се подготвува за…
ЕУ предупредува на енергетска криза – земјите…
Европската Унија се соочува со нова енергетска…
12:05 за промени во СДСМ: Филипче е…
Нов обид за политичко мобилизирање на опозицискиот…
Глобалниот недостиг од дизел може да продолжи…
Енергетската криза што во последните недели ги…