Судијата Лазар Нанев е разрешен

t

Судскиот совет го разрешил судијата од кавадречкиот суд Лазар Нанев, дознава Телма од извори во Судски совет.

Иако двете дициплински постпаките на негово барање се водеа со присуство на јавноста денеска повторно по негово барање беше исклучена јавноста и членовите на советот зад затворени врати дискутирале и ја донеле ваквата одлука.

За Нанев има две постапки во Судскиот совет за утврдување на негова одговорност.

Едната се однесува на тоа дека додека бил претседател на Основниот суд Кавадарци несовесно и нестручно ја вршел функцијата бидејќи остварил 95 телефонски повици со обвинет во случај кој го водел, а другата дека и го нарушил угледот на претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева.

Според извори на Телма одлуката за разрешување паднала уште на првата постапка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕУ го предложи Пабло Ернандес де Кос…

Европскиот совет го предложи шпанскиот економист Пабло…

Србија оди кон десничарско раководство: Ништо од…

Србија наскоро би можела да добие претседател…

Врховниот суд на Канада го потврди најголемиот…

Врховниот суд на Канада го остави во…

Со нож ја ограбил среде кафуле во…

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово…

Американската армија онеспособила брод што се обидел…

Армијата на САД вчера во Оманскиот Залив…