Израелската војска дозволи 50 камиони со хуманитарна помош да влезат на северот на Газа

t

Израелската војска соопшти дека дозволила влез на 50 камиони со хуманитарна помош во северниот дел на Појасот Газа, по предупредувањето на Соединетите Американски Држави да ја зголеми помошта на палестинската територија или ризикува да го загрози снабдувањето со американско оружје.

КОГАТ, одделение на министерството за одбрана на Израел задолжено за цивилните работи во Газа, наведе дека помошта е испорачана врз основа на инструкцијата на министерот за одбрана Јоав Галант и на „политичкиот ешалон“, пренесе Асошијетед прес.

Северна Газа беше првата цел на големата израелска офанзива од воздух и од копно по нападот на палестинските екстремисти предводени од Хамас на 7 октомври 2023 година на југот на Израел, кој ја предизвика војната.

Овој дел на Газа претрпе тешко разурнување и израелската војска го опколува речиси една година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Израелската војска дозволи 50 камиони со хуманитарна…

Израелската војска соопшти дека дозволила влез на…

Елмас во јануари може да се врати…

Пред помалку од една година Елиф Елмас…

(Видео) Човек кој бил на обука во…

Среде бел ден ограбена продавница во населбата…

Судијата Лазар Нанев е разрешен

Судскиот совет го разрешил судијата од кавадречкиот…

Села вели: Јас сум од збор, не…

Лидерот на Алијансата за Албанците, Зиадин Села,…