Еј-Би-Си Њуз: Нетанјаху одобри цели за одмазднички напад врз Иран, се чека конечна одлука
Израелски официјални лица потврдија дека премиерот на земјата Бенјамин Нетанјаху ги одобрил сите цели за планираниот израелски одмазднички напад врз Иран, пренесува Еј-Би-Си Њуз.
Според изворот, Израел планира да одговори на нападот од Иран од 1 октомври, кога кон Израел беа испукани повеќе од 200 проектили.
Меѓутоа, официјалниот претставник, кој зборувал анонимно за „ABC News“, одбил да открие повеќе детали за конкретните цели и не сакал да коментира дали станува збор исклучиво за ирански воени цели.
Нема дадено временска рамка за извршување на нападот, објасни тој.
Претходно беше соопштено дека американската администрација на Џо Бајден добила уверување од Тел Авив дека израелската војска нема да напаѓа нуклеарни или нафтени постројки. Сепак, според извори од американски новинари, официјални лица во САД предупредиле дека израелските ветувања не се „челични“ и дека околностите може да се променат.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп му постави „последен ултиматум“ на Иран
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека вчера…
Грција во иднина би можела да се…
Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис денеска навести дека…
(Документи) Кој ја направи саботажата во РЕК…
Плаќаат 150 МИЛИОНИ денари за технолошко чистење…
Војници повредени при гаснење пожар во тетовската…
Двајца припадници на Армијата се повредни по…
Трамп му се потсмева на Путин: Реши…
Американскиот претседател Доналд Трамп се чини дека…