Таткото на Вања ја погрешил групата и испратил порака во родителска група „колку пари треба“ утрото кога е киднапирана неговата ќерка?!

t

Денеска во Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Пред малку пред судот сведочеше Дејан Димовски началник на единицата за насилен криминал во СВР Скопје.

Началникот на единицата за насилен криминал, Дејан Димовски, во своето сведочење откри дека таткото на Вања Александар Ѓорчевски не само што ја предвидувал судбината на девојчето, туку и се движел на места што полицијата ги следела како дел од истрагата. Ѓорчевски се однесувал на начин што предизвикал сомнежи кај полицијата.

ДЕЈАН ДИМОВСКИ

Прашања од обвинител

О – како дојдовте до сомневање дека Александар Ѓорчевски е вклучен во настанот

д – тој се однесуваше, да кажам чудно, веќе го имавме увтрдено движењето на возилата. Видoвме дека возилото на Александар на 27ми проаѓа накај Качанички пат, а знаевме дека сата време претходно го видовме Цитроенот и Кангото, како знаеш каде да одиш. Рече јас гледам филмови, логично размислување, ако е киднапирана ќе ја носат преку граница, да видам. Зошто не отиде преку граница? Видов дека има гужва и се вратив, тоа беше како индиција.

Најдовме таму една порака, а чудно беше што ги предвидуваше настаните, прво киднапирана, па убиена, зошто тврди дека убиена.

О- посочи ли некој од другите лица?

д – да, сега ќе ви кажам кога ни се засилија сомнежите. Вељо и Боре кажаа, од разговорите со нив, дека знаат дека таткото на Вања му кажал на Палчо дека девојчето ќе биде сама кога ќе оди на училиште, Кешишев не ни го кажа тоа, тогаш ни се засилија сомневањата, а не знаеја да објаснат зошто таткото би бил инволвиран.

Најдовме порака во телефонот на мајката, скриншот кој Александар и го праќа на Зорица, вечерта недела ја праќа од разговор кој го имал Александар со неговата ќерка Вања на некоја социјална мрежа и ѝ напишал утре ќе биде многу ладно минус не знам колку, да се облечете многу добро, чизми, ракавици, шал, капа, дуксер, ѝ кажуваше за утре да биде многу добро облечена. Зорица исто се чудеше, рече остај го Александар, не можам на крај да искочам. Сега ми текна, еден ден кога беа кај нас кога работевме на верзијата со Шведска, Зорица ова ни го кажа дека Александар ѝ рекол дека не се сеќирај ќе земем пари од Хари.

Александар пуштил порака во родителска група, ја згрешил ли пишал кажете само колку пари треба, ја избришал таа порака ама кажувањето е од родителите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Таткото на Вања ја погрешил групата и…

Денеска во Кривичниот суд во Скопје продолжува…

Еве како полицијата дошла до телата на…

Во сведочењето на началникот Дејан Димовски за…

Велибор Манев се онесвестил кога полицијата му…

Денеска во Кривичниот суд во Скопје продолжува…

Еве како полицијата го поврзала Палевски со…

Денеска во Кривичниот суд во Скопје продолжува…

(Видео) Како на филм: Без една рака…

Видео објавено на интернет го покажува последниот…