Кривична пријава против Рамиз Мерко: Именувал директорка на училиште, а таа не исполнувала низа критериуми

t

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Р.М.(67) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.

Тој, на 17.01.2022 година, во својство на градоначалник на општина Струга, спротивно на законските прописи, донел решение за избор и именување на вд директор на училиште во Струга.

Тоа го направил, иако знаел дека кандидатката што ја именувал, не исполнувала низа услови од Законот за основно образование, не го положила испитот за директор во утврдениот законски рок и не поседувала соодветен сертификат за познавање на англиски јазик.

Пријавениот, и покрај тоа, и овозможил да добие решение и противправно да оствари парична корист во износ од 1.390.536 денари за вршење на работни задачи како вд директор и како директор на училиштето.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Путин по заканите од Естонија за војна:…

Рускиот претседател Владимир Путин со потсмев одговори…

ТРАМП ГО ОДБИ ИРАНСКИОТ ПРЕДЛОГ ЗА ПРИМИРЈЕ:…

# ТРАМП ГО ОДБИ ИРАНСКИОТ ПРЕДЛОГ ЗА…

Мицкоски од ОН: Миграцијата не започнува на…

Светот мора поинаку да пристапи кон миграцијата…

Такер Карлсон откри детали од разговорот со…

Американскиот новинар и конзервативен коментатор Такер Карлсон…

Полимаркет отвори „обложување“ на победникот на изборите…

За разлика од „обложувачниците“ на глобалната платформа…