Русија ѝ ги предаде телата на 501 загинат војник на Украина
Русија денеска и ги предаде телата на 501 војник на Украина, соопштија украинските власти, што е најголемата репатријација на загинати војници од почетокот на руската инвазија на Украина во февруари 2022 година.
Повеќето од тие војници загинаа во акција во областа Доњецк во Украина, главно околу градот Авдијевка, кој руските сили го зазедоа во февруари по долга и тешка битка, соопшти украинскиот координативен штаб за третман на воени заробеници.
Органите на редот и форензичарите ќе ги идентификуваат телата, кои потоа ќе им бидат предадени на семејствата, се вели во соопштението. (МИА)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Што ако Иран го затвори Ормутскиот Теснец?
Расте можноста конфликтот Иран-Израел да ескалира понатаму…
Aмериканците кренаа раце од нас? Хил: САД…
Поранешниот амбасадор на САД во Србија смета…
„Вината за Кочани е во врвот на…
„Речиси четири месеци, Мицкоски и Тошковски се…
Тошковски: Ја намаливме стапката на криминал во…
Панче Тошковски, министер за внатрешни работи, во…
(Видео) Снимен земјотресот во Охрид утринава
Краток, но силен земјотрес утрово во 04:35…