Левица: Со европски цени и македонски плати, храната е недостапна за сѐ повеќе граѓани
Иако платите се повеќе од 2,5 пати помали од европскиот просек, цените на основните производите во Македонија се слични, а за голем дел од производите – и сосема идентични, со цените во европските земји. Една од основните причини за поскапувањето на храната е континуираното уништување на домашното производство, кое со години наназад е истиснувано од пазарот и се заменува со понуда на странски производи со сомнително потекло и квалитет, реагираат од политичката партија Левица.
Со затворањето на домашните фабрики за репроматеријали во земјоделството (вештачки ѓубрива, семенски и посадочни материјали и сл.), земјоделското производство е тотално зависно од увоз. На сето ова се надоврзува долгиот синџир за набавки, преку безброј трговци на големо и мало, увозници и профитери, кои уште повеќе придонесуват за зголемувањето на цените.
Кога потрошувачката кошница изнесува 61.360 денари, а минималната плата 22.567 денари, јасно е дека стотици илјади семејства се оставени под работ на егзистенција со недоволни средства за да ја уживаат и таа минимална кошница, а уште појасно е дека Владата не може и не сака да се справи со ситуацијата.
Цените на основните производи постојано растат, мнозинството од нашето население се наоѓа пред сериозни финансиско-егзестенционални предизвици. Македонија се соочува со економски притисоци кои ги погодуваат најранливите категории на населението. Недостигот на активна реакција од страна на Владата го продлабочува незадоволството кај граѓаните и ја намалува довербата во институциите.
Левица повикува на итна стратегијата за ограничување на цените, а последното очајно решение на краток рок е и изработка на национална стратегија за зголемување на домашното производство за храна на среден и долг рок. Без протекционистичка политика за производителите и развојна компонента во домашното производство, храната ќе продолжи да биде сè понедостапна и сè поскапа за македонските граѓани.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица не ја поддржа изградбата на две…
Советниците од политичката партија Левица на денешната…
Храната повторно поскапува во Европа, еве кои…
Цените на храната во Европа повторно почнуваат…
Левица предлага државата да ви го врати…
Пратениците на Левица поднесоа Предлог-закон за семејна…
Австралиците повикани да се подготват за кризи:…
Австралиците се повикуваат да бидат подготвени за…
Светска банка предупредува на нов бран поскапувања…
Цените на енергенсите во светот годинава ќе…