Србија: Одададена почит на 1.300 Македонци од Вардарскиот полк загинати во Првата светска војна кај Костолац

t

Во организација на здружението Кочо Рацин од Белград, Македонците во Србија, во Костолачка коса меѓу Костолац и Пожаревац им оддадоа почит на 1.295 загинати Македонци од Вардарскиот баталјон во Првата светска војна, барајќи воедно на постоечкиот споменик во црквата Св. Ѓорѓи да се постави нов на кој на македонски јазик, наместо „Вардарци“ ќе пишува дека се „Македонци“, јави дописникот на МИА од Белград.

-Бараме споменик за паднатите Македонци, во село Петка каде има споменик, но не и за Македонците. Имаме идејно решение за споменик на кое на македонски и на српски јазик е напишано дека се Македонци. Минатата година поднесовме барање до претседателот Александар Вучиќ, до Ана Брнабиќ, до Министерството за култура на Србија и добивме одговор од Министерството за труд и боречки прашања-сектор за боречка заштита дека со задоволство ја поддржуваат иницијативата со која се негуваат сеќавањата за жртвите од Првата светска војна, но и дека немаат планирано средства за таа година, со надеж за следната година нашата иницијатива да се реализира, изјави Лидија Демниева, претседател на Македонското здружение Кочо Рацин од Белград.

Таа додаде дека и оваа година сè уште не можат да го реализираат барањето кое го поднесле лани и дека немаат никаков одговор од надлежните институции.

За време на Првата светска војна, Кралството Србија изврши мобилизација на Македонците во тогашна Јужна Србија, од кои е формиран Вардарскиот баталјон, со вкупно 1.300 Македонци. Од нив во борбите со австро-унгарската и германската војска, борејќи се во рамки на српската војска, загинат е речиси целиот баталјон или вкупно 1295 војници, од кои 473 во борбите за одбраната на Белград и Смедерево, 627 војници загинаа на Костолачка Коса, 60 македонски војници се загинати при повлекувањето на српската војска кон Албанија, каде загинуваат уште 60 војници, така да Првата светка војна ја преживеале само пет македонски војници

-На ова место заедно се бореа Македонци и Срби во 1915 година против австро-унгарските напади и тука тие успеаја да се одбранат и да ја одбијат австро-унгарските војска. Од нивниот вкупен број само 5 Македонци успеале да стигнат до крајот со српската војска до Крф, истакна на историското потсетување д-р на историски науки, Гордан Бојковиќ од Пожаревац.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Маск дава секој ден по еден милион…

Милијардерот Илон Маск му додели 1 милион…

Србија: Одададена почит на 1.300 Македонци од…

Во организација на здружението Кочо Рацин од…

Миленко тука ли е? Вардар загуби и…

Вардар остана претпоследен на табелата откако го…

Исчекување или надежта никогаш не умира

Насловот на оваа колумна е наменет исклучиво…

Трамп се жали на предизборно „зло“ од…

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ја нарече…