Објавено на:

Маск дава секој ден по еден милион долари за еден гласач на Трамп

t

Милијардерот Илон Маск му додели 1 милион долари на Џон Дреер, случајно избран потписник на неговата петиција „за поддршка на Уставот на САД“, а всушност за кампањата на републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп.

Маск активно го поддржува Трамп и веќе вложи 75 милиони во неговата кампања. Тој вчера предупреди дека ако демократската кандидатка Камала Харис победи на изборите на 5 ноември, тоа би биле „последните избори, бидејќи САД повеќе нема да постојат“.

За да ги поттикне републиканските гласачи, милијардерот најави дека секој ден до крајот на кампањата случајно ќе биде избран еден потписник на неговата петиција и ќе добие 1 милион долари. Џон Дреер бил извлечен за добитник во Херисберг, Пенсилванија.

– Џон всушност немал поим. Нема врска, повели – изјавил Маск, предавајќи му го чекот на добитникот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче: Добро е што Мицкоски сфатил дека…

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче преку својот…

Канада ќе обезбеди воена помош за Украина…

Канада објави нов пакет одбранбена помош за…

Мицкоски ја направи Македонија понижена, наместо горда

Мицкоски ветува промени кои наводно ги направил…

Крвав хорор со ножеви во Чаир –…

Во крвава тепачка во која биле користени…

СДСМ: За врховистот Мицкоски, Македонија е кауза…

ВМРО-ДПМНЕ не е никакво продолжение на историското…