(Видео) Поплави во Италија: Водата носи сѐ пред себе, загина млад човек кој бил заробен во автомобил
Бран екстремни временски услови ја погоди Италија викендов. Болоња, град на северот на земјата, беше поплавен откако во саботата вечерта паднаа повеќе од 80 милиметри дожд за неколку часа, поради што реката Равоне се излеа од коритото.
#Alluvione a #Bologna Le prime immagini di Local Team pic.twitter.com/KwxQYmOXye
— Local Team (@localteamit) October 19, 2024
Покрај големите поплави, делови од градот останаа и без струја, а градоначалникот Матео Лепор им порача на жителите да не излегуваат надвор, да не возат автомобили и да се преселуваат на повисоките катови. Околу полноќ градското раководство побара од жителите да не ги пребликираат телефонските линии на полицијата и противпожарната служба со повици кои не се поврзани со заштитата и безбедноста на луѓето.
Италијанските пожарникари соопштија дека нивниот хеликоптер пронашол тело на исчезнат маж. Станува збор за 20-годишно момче од областа Болоња кое загинало откако надојдената вода го поплавила автомобилот во кој било тоа заедно со неговиот брат кој успеал да се ослободи и да излезе од возилото, а 20-годишникот останал заробен.
❌ #Maltempo #Bologna, individuato dall’elicottero dei #vigilidelfuoco il corpo senza vita della persona dispersa a Botteghino di Zocca. In corso le operazioni di recupero [#20ottobre 8:00] pic.twitter.com/hiIvD9Tg7q
— Vigili del Fuoco (@vigilidelfuoco) October 20, 2024
Во саботата имаше поплави и на други места во Италија, вклучително и на Сицилија каде аеродромот во Палермо беше привремено затворен поради поплави и прекини на електрична енергија. Градот Катанија на североистокот на Сицилија исто така беше зафатен од поплавите, а на социјалните мрежи беше објавено видео на кое се гледа како Нигеријка се пробива низ надојдените води за да спаси Италијанец кој водата го носела по улица.
Salvataggio eroico a #Catania durante l'ondata di #maltempo che sta colpendo la #Sicilia. Una donna salva una persona caduta dallo scooter travolto dalle acque. pic.twitter.com/BFNNaA5MFS
— Marco Ferraglioni (@MFerraglioni) October 19, 2024
По обилните врнежи кои се очекува да паѓаат и вечерва, службите за цивилна заштита издадоа умерено портокалова тревога во пет региони и пониска жолта тревога за метео-аларм во 13 региони низ Италија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Поплави во Италија: Водата носи сѐ…
Бран екстремни временски услови ја погоди Италија…
Координатор на ОН за Блискиот Исток: Кошмарот…
Специјалниот координатор на ОН за Блискиот Исток,…
Тешко повредено 18-годишно момче од Охрид по…
Осумнаесетгодишно момче од Охрид е тешко повредено…
Галант: Оперативците на Хезболах се преплашени, таа…
Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант денеска…
(Видео) ХАЛПЕРИН СО КАРЛСОН: Ако Трамп победи,…
Такер Карлсон разговора со Марк Халперин, американски…