Фицо: Западот делумно е виновен за тековната војна во Украина
Словачкиот премиер Роберт Фицо нагласи дека Западот сноси дел од одговорноста за тековниот недостаток на мир во Украина.
-Ова е војна која започна со кршење на меѓународното право од страна на Русија. Но, денес Западот го поддржува продолжувањето на војната за да ја доведе Русија на колена, изјави социјалдемократскиот политичар.
Левичарскиот популист смета дека поканата за НАТО што ја побара украинскиот претседател Володимир Зеленски е опасна, тврдејќи: „Не е добра идеја да се прими Украина во НАТО, бидејќи тоа би било закана за целиот свет. Наместо тоа, Украина треба да остане неутрална и да добијат безбедносни гаранции за ова“.
Фицо предупреди дека пристапувањето на Украина во НАТО може директно да доведе до Трета светска војна.
Словачка директно се граничи со Украина и е членка и на ЕУ и на НАТО. Владата во Братислава го поддржува членството на Украина во ЕУ.
Таа му помага на Киев со снабдување со енергија и системи за чистење мини, но повеќе не со оружје од сопствените армиски резерви откако Фицо повторно ја презеде функцијата по неговата изборна победа пред една година, по четврти пат.
Сепак, словачката одбранбена индустрија продолжува да произведува хаубици и муниција за украинската војска на комерцијална основа.
Фицо го нарече „победничкиот план“ на Зеленски „апсолутно нереален и неостварлив“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мелбурн се извини откако го забрани старото…
Градскиот совет на Мелбурн ѝ се извини…
(Видео) Кравите шетаат и во училишниот двор…
Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, објави…
НА ДЕНЕШЕН ДЕН: 35 години од донесувањето…
Македонија денеска одбележува 35 година од донесувањето…
Бугарија и Романија одбележуваат 20 години од…
Дваесетгодишнината од пристапувањето на Бугарија и Романија…
ОФИЦИЈАЛНО: КРИСТИЈАН КОРАБОСКИ ОД СИНОЌА Е ВО…
Кристијан Корабоски, кој викендов брутално претепа млада…