ТФТ не се шегува, оствари уште една победа под палката на одличниот тренер Смилковски

t

Екипата на ТФТ останува со максимален ефект и по три одиграни кола од новата сезона во Првата македонска кошаркарска лига.

По МКК Куманово и Гостивар, тимот од Тафталиџе на домашен терен го совлада и амбициозниот Кожув со 79-77. Натпреварот беше израмнет во најголем дел од мечот, а во последната четвртина ТФТ резултатски се одлепи кои беа доволни за триумф.

Домаќинот и во првото полувреме ги имаше највисоките +9 (29-20 и 36-27), но Кожув не дозволи тоа да влијае на расположението и продолжи да се бори. Како резултат на тоа, на почетокот од второто полувреме гевгеличани се најдоа и во водство од 39-36 и долго време беа во игра за победа. Последен пат на средина од последниот квартал кога се доближија на 64-65, но следуваа клучните тројки на Николов и Говенс, подоцна и кошот на Мекиќ за +9 на ТФТ и трета победа по ред.

Говенс беше најдобар стрелец кај ТФТ со 21 поен, но се истакна и Зафиров со 16 поени и 12 скока. Домаќинот го преживеа фантастичниот Фран Пилепиќ кој постигна безмалку половина од поените на Кожув (35).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВЛЕН: ОХРИДСКИОТ ДОГОВОР НЕ Е ТАПИЈА НА…

Прес-конференција на ВЛЕН Пред дваесет и пет…

Номинирани амбасадори за Атина,Будимпешта,Сараево,Осло и Каиро

Поранешен директор на ЈП „Градски паркинг“, поранешна…

Аркин Јахији кандидат на ДУИ за градоначалник…

Демократската унија за интеграција на изборите за…

Пронајдена бомба во водите на Охридското Езеро

Вчера во 18:10 часот во Регионалниот центар…

Вработени во МВР без здравствено осигурување, ФЗО…

Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) соопшти дека…