Состојбата со земјоделието е катастрофална
Состојбата со земјоделието е катастрофална од она што го наследивме. Консолидирање претстоеше во овој период и можам да кажам дека во периодот од 25 и 26 јули некаде до 17-18 ноември повеќе од 1,3 милијарди денари ќе бидат исплатени за повеќе од 20 000 земјоделци субвенции, изјави денеска во струмичко Ново Село премиерот Христијан Мицкоски.
Ова, според него, досега било невозмоно. Мицкоски најави дека ова консолидирање продолжува и следната година.
-Ќе ве потсетам дека имавме исклучително добра цена за лозарите, за тие кои се занимаваат со лозарството. Исто така поддршка за одгледувачите на сливи. Имавме вонредни мерки за производителите на јачмен и пченица, со јаболкото сега засега ситуација е одлична – изјави Мицкоски кој беше на Костенијада 2024.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Необична светлина над Шар Планина: Жител…
Жител на Брезовица вчера вечерта забележал и…
Македонија претпоследна во Европа по минимална плата
Според најновите податоци на Евростат, Македонија е…
Филков: Максим Димитриевски кандидат во Куманово, ЗНАМ…
Претседавачот на Централниот одбор на ЗНАМ Игор…
Нема веќе “Никогаш Северна”: Седум години од…
На денешен ден, 17 јуни, пред точно…
СТАНАРИ ВО СКОПСКИ АЕРОДРОМ БАРААТ ПОМОШ ОД…
Две години жителите во зграда на булевар…