О’Брајан на средба со Курти
Американскиот помошник државен секретар за Европа и Евроазија Џејмс О’Брајан пристигна на средба со косовскиот премиер Албин Курти.
Средбата на О’Брајан со Курти започна во 15 часот, а во соопштението на косовската влада за медиумите не се наведува дали по нејзиното завршување ќе има прес-конференција.
О’Брајан е придружуван од американскиот амбасадор во Косово Џефри Ховениер.
О’Брајан вчера престојуваше во Белград, каде што имаше средба со претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
О’Брајан за РТС изјави дека сака да се почитуваат сите договори и нивните одредби постигнати за време на дијалогот меѓу Белград и Приштина, но и дека најважно е Србите на Косово да живеат како нормални, европски граѓани.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кина меѓу главните земји од кои се…
Увозот во Косово во периодот јануари-април 2025…
Амбасадата на САД во Приштина му се…
В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…
Србија е загрижена поради поддршката на Црна…
Српското Министерство за надворешни работи изрази загриженост…
Косово ќе прифати до 50 мигранти од…
Косовската влада денес одлучи да прифати до…
КФОР, ЕУЛЕКС и косовската полиција ја спроведуваат…
Припадници на КФОР, ЕУЛЕКС и косовската полиција…