Објавено на:

Путин и Ердоган на средба во Казањ

t

Рускиот претседател Владимир Путин и неговиот турски колега Реџеп Таип Ердоган на средба во Казањ ќе разговараат за можноста за создавање центар за гас на турска територија, соопшти прес-службата на шефот на руската држава.

Путин ќе биде домаќин на самитот на БРИКС од утре до 24 октомври во Казан, главниот град на Република Татарстан во рамките на Руската Федерација.

„Воспоставена е ефикасна соработка со турските партнери во гасниот сектор. Стабилно функционираат гасоводите „Син поток“ и „Турски поток“ по дното на Црното Море. Во рамките на средбата во Казан, шефовите на држави ќе го разгледаат и прашањето за проект за создавање меѓународен гасен центар на турска територија“, се наведува во соопштението.

Во октомври 2022 година, Путин предложи идеја за создавање центар за гас на турска територија за испорака на гас во Европа. Ердоган ја поддржа идејата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ердоган: Турција е единствената што може директно…

Турција е единствената што може директно да…

Вучиќ му честиташе на Орбан за организирањето…

Српскиот претседател Александар Вучиќ разговараше по телефон…

Путин го разреши заменик шефот на неговата…

Рускиот претседател Владимир Путин го разреши Дмитриј…

Зеленски до Трамп: Покажете јасен став и…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го повика Доналд…

Трамп побара од ЕУ да го притисне…

Американскиот претседател Доналд Трамп побарал од Европската…