БРИКС: Русија предлага алтернативна платформа за плаќање
Русија ќе им предложи на членките на БРИКС формирање платформа за меѓународни плаќања која ќе се натпреварува со сегашниот „централизиран“ систем и ќе биде фокусирана на плаќањата во националната валута, се наведува во документот објавен на веб-страницата на руското Министерство за финансии.
Новата инфраструктура за прекугранични плаќања ќе вклучува систем за пораки и мрежа на комерцијални банки кои ќе вршат прекугранични трансакции во национални валути.
Централните банки би имале централно место во трансакциите со цел да го заштитат платежниот сообраќај од надворешни влијанија, објаснува руското претседателство со БРИКС во нацрт-документот, подготвен пред самитот што ќе се одржи од 22 до 24 октомври во Казан, Русија.
Воспоставувањето директни врски меѓу централните банки би можело да го намали ризикот на минимум, пренесува Хина, бидејќи исклучувањето на комерцијален заемодавач од системот би значело и исклучување на „нејзината“ централна банка, објаснуваат тие, наведувајќи ја можноста за заедничка мултилатерална платформа за плаќања, која би се базирала на модерна технологија.
Кризите ги истакнаа недостатоците на меѓународниот финансиски систем и потенцијалот за дестабилизација претставена со „прекумерното потпирање на единствена валута и на централизирана финансиска инфраструктура“, тврдат тие. Системот треба да се прилагоди за подобро да се справи со „предизвиците кои ги носи фрагментацијата на светската трговија“ и да ги следи потребите на светската економија, се наведува во документот.
Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и неговите посебни права на влечење не го следеа развојот на светската економија, е заклучокот на руското претседателство со БРИКС.
Според првичниот план, овие посебни права на влечење требаше да станат алтернативно средство во државните резерви, па дури и нова глобална валута, но нивната ефективност, генерално, сè уште е ограничена, наведуваат тие, предлагајќи дискусија за нивната можна улога во глобалната економија и во контекст на приватниот сектор.
Руското претседателство со БРИКС предлага и формирање на заедничка берза за жито, чија цел е да понуди алтернатива на сегашниот механизам за одредување на цените на берзите во западните земји.
„Со цел да се обезбеди ефикасна, непречена и транспарентна прекугранична трговија со стоки, руското претседателство со БРИКС предлага воспоставување платформа за тргување со жито во рамките на берзата за жито БРИКС“, се наведува во документот, додавајќи дека оваа мерка ќе обезбеди независна цена и ќе го зајакне суверенитетот на економиите членки на БРИКС.
Механизмот за тргување со жито меѓу членките на БРИКС во иднина ќе вклучува нафта, природен гас и злато, се додава во документот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
БРИКС: Русија предлага алтернативна платформа за плаќање
Русија ќе им предложи на членките на…
Браво! „Левица“ со кривична против претседателот на…
Политичката партија „Левица“ денеска поднесе кривична пријава…
Навивачите на Вардар бараат новиот газда да…
Навивачката група на Вардар, Комити Скопје, испрати…
Хајредини: Ако не се казнат тие што…
Ако не се казнат тие што досега…
Опожарена куќа во Младо Нагоричане
Семејна куќа била опожарена ноќеска во Младо…