За четиричлено семејство да го преживее месецот потребни се 61.249 денари

t

Минималната синдикална кошница за октомври изнесува 61.249 денари и е за 57 денари пониска отколку во септември годинава кога беше 61.306 денари. Со изнајмен стан од 60 м2 за октомври кошницата изнесува 76.624,00 денари.

-Значајно е да се нагласи дека мерката на Владата за ограничување на висината на маржите даде дел од посакуваниот резултат, но, поради алчноста за профит кај трговците што Државата мора да го заузда, тие, кога разбраа за намерата на Владата за оваа мерка ги зголемија цените на сите производи, а ова го потврдуваме и со растот на вредноста на делот за храна и пијалоци во Синдикалната минимална кошница за повеќе од 717 денари за минатиот месец септември, а во истата во делот ка храна и пијалоци во месец октомври 2024 година која изнесува 22.069,00 денари споредено со месец септември 2024 година ( 23.034,00 денари) е намелана за 965,00 денари, велат од ССМ.

Според нив, ова потврдува дека цените треба уште да се намалуваат, а нивното зголемување нема никаква поврзаност со економската логика, ниту пак со здравиот разум, туку, како што велат, има поврзаност само со алчноста која е се поизразена во Македонија.

Од ССМ сметаат дека при креирањето на мерките Владата треба да го вклучи синдикатот за тие да бидат подобри, имајќи предвид дека во последната мерка 47 категории на производи од 70, беа превземени од Синдикалната минимална кошница која ја подготвува ССМ, а за кои го имаат движењето на цените во секој месец од почетокот на годината. Од ССМ сметаат дека се потребни поголеми контроли и доколку е потребно и казни за несовесните трговци кои се богатат на грбот на работниците и граѓаните.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За четиричлено семејство да го преживее месецот…

Минималната синдикална кошница за октомври изнесува 61.249…

БРИКС: Русија предлага алтернативна платформа за плаќање

Русија ќе им предложи на членките на…

Браво! „Левица“ со кривична против претседателот на…

Политичката партија „Левица“ денеска поднесе кривична пријава…

Навивачите на Вардар бараат новиот газда да…

Навивачката група на Вардар, Комити Скопје, испрати…

Хајредини: Ако не се казнат тие што…

Ако не се казнат тие што досега…