СДСМ бара поддршка за Законот за минималната плата од 450 евра, ДПМНЕ да се преиспита

t

Прес-конференција, Јована Тренчевска, пратеничка на СДСМ:

Почитувани граѓани, работници и семејства,

СДСМ го поднесе Законот за зголемување на минималната плата во Собранието. Со оваа мерка предвидуваме минималната плата да се зголеми на 27.700 денари, односно 450 евра. Ова не е само бројка, ова е чекор кон подобра иднина за секој работник, за секој кој се бори да обезбеди подобри услови за своето семејство.

Нашите сограѓани секојдневно се соочуваат со се поголеми економски предизвици. Цените на основните производи растат, куповната моќ опаѓа, а многу семејства едвај врзуваат крај со крај.

Граѓаните не се само статистика, зборуваме за вистински животи, за родители, за млади, за возрасни сограѓани кои секојдневно се борат да обезбедат достоинствен живот за своите семејства. Токму затоа, зголемувањето на минималната плата е итно и неопходно.

Жалиме што Владата на ВМРО-ДПМНЕ не ги слуша потребите на народот.

Во време кога граѓаните се борат со високи цени и намалени приходи, Владата не презема ништо за да им помогне. Социјалната несигурност расте, платите опаѓаат, а потрошувачката кошничка веќе достигна огромни 61.306 денари. Ниту една од мерките на Владата за намалување на цените не даде резултати. Напротив, куповната моќ на граѓаните се намалува, и тие веќе не можат да си дозволат дури и основни прехранбени производи. Работниците, особено оние со најниски примања, се оставени на милост и немилост на пазарот.

Почитувани пратеници, погледнете околу нас во Србија, Црна Гора, Хрватска.

Во соседните земји, минималната плата расте. Во Србија ќе биде 457 евра, во Црна Гора 700 евра, во Хрватска веќе е 677 евра. Нашите работници заслужуваат подобро, тие не се помалку важни од оние во соседството. Нивниот труд и посветеност мора да бидат вреднувани, и тоа сега. Време е да се погрижиме и да им обезбедиме животен стандард кој ќе им овозможи да живеат достоинствено.

Работниците не треба да бидат жртва на политичките игри.

ВМРО-ДПМНЕ веќе бланко го одбива нашиот предлог, но ние велиме – ова не е време за партиски интереси. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ треба да го преиспитаат својот став и да помислат на луѓето кои секојдневно се борат за подобар живот. Ова е првиот чекор кон покачување на сите плати и подобрување на стандардот на сите граѓани.

Ги повикуваме сите пратеници, без оглед на политичката припадност, да гласаат за подобар животен стандард. Сега е време да се издигнеме над партиските разлики и да направиме нешто вистински важно за граѓаните. Секој глас за овој закон е глас за подобар живот за илјадници работници и нивните семејства. Нема ништо поважно од тоа!

Да се обединиме во оваа борба и заедно да донесеме поголема минимална плата. За подобар живот, за достоинствен труд, за иднината на нашите деца.

Ви благодарам.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ бара поддршка за Законот за минималната…

Прес-конференција, Јована Тренчевска, пратеничка на СДСМ: Почитувани…

За четиричлено семејство да го преживее месецот…

Минималната синдикална кошница за октомври изнесува 61.249…

БРИКС: Русија предлага алтернативна платформа за плаќање

Русија ќе им предложи на членките на…

Браво! „Левица“ со кривична против претседателот на…

Политичката партија „Левица“ денеска поднесе кривична пријава…

Навивачите на Вардар бараат новиот газда да…

Навивачката група на Вардар, Комити Скопје, испрати…