Сообраќајна несреќа на патот Кичево – Гостивар: Тешко повреден возач на „БМВ“
На 21 октомври 2024 година, во утринските часови, на магистралниот пат Кичево – Гостивар, во правец кон „Стража“, се случила тешка сообраќајна несреќа во која учествувале три возила. Во несреќата биле вклучени товарно возило „Волво“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 45-годишен возач од Куманово, минибус „Мерцедес Спринтер“ со тетовски регистарски ознаки, управуван од 60-годишен возач од село Горно Седларце, општина Боговиње, и патничко возило „БМВ“ со струшки регистарски ознаки, управувано од 32-годишен возач од село Ливада, струшко.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на „БМВ“-то, кој бил веднаш пренесен во Медицинскиот центар Кичево, каде што му биле констатирани повредите. Дополнително, неговиот сопатник, 25-годишен маж од струшкото село Калишта, се здобил со полесни телесни повреди.
На местото на несреќата извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Кичево, која ги истражува околностите на сообраќајната несреќа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Необична светлина над Шар Планина: Жител…
Жител на Брезовица вчера вечерта забележал и…
Македонија претпоследна во Европа по минимална плата
Според најновите податоци на Евростат, Македонија е…
Филков: Максим Димитриевски кандидат во Куманово, ЗНАМ…
Претседавачот на Централниот одбор на ЗНАМ Игор…
Нема веќе “Никогаш Северна”: Седум години од…
На денешен ден, 17 јуни, пред точно…
СТАНАРИ ВО СКОПСКИ АЕРОДРОМ БАРААТ ПОМОШ ОД…
Две години жителите во зграда на булевар…