Антикорупциска отвори постапка за новиот директор на тајната служба Бојан Христовски кој до лани беше партиски функционер во ВМРО-ДПМНЕ
Антикорупциската комисија отвори предмет за новоназначениот директор на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) Бојан Христовски.
Претседателката на ДКСК Татјана Димитровска за Телма потврди дека по анонимна претставка е отворен предмет. Претставката се однесува на условите за директор на АНБ односно според претставката се оспорува можноста Христовски да биде директор на тајната служба. Владата го назначи Бојан Христовски за нов директор минатата недела.
Тој до лани во декември бил партиски функционер во ВМРО-ДПМНЕ но тогаш бил вратен на работа во МВР по што се отчленил од партијата. Опозицијата обвини за партизација на тајните служби со неговото назначување. Христовски во интервју за КОД за Телма потврди и дека не поседува безбедносен сертификат државна тајна туку строго доверливо.
По преземањето на функцијата почнал постапка за да добие таков сертификат иако во 2019-та не му беше одобрен таков сертификат, поради што тој обвинува за политичка пресметка од претходната власт.
Извор: Телма
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мајка цела ноќ ја барала 12-годишната ќерка:…
Мајка од Скопје пријавила дека нејзината 12-годишна…
(Видео) Осум минути молк за насилната смрт…
Во Загреб, Сплит и Осиек, точно напладне,…
Над 438 илјади животни ќе се вакцинираат…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) започна…
Мицкоски: Адвокати и компании свесно се договараат…
Премиерот Христијан Мицкоски тврди дека адвокатски друштва…
Трајанов: Сега е времето да ги бараме…
Националниот координатор за борба против тероризмот, Павле…