130 години од основањето на Македонската Револуционерна Организација

t

Во Македонија денеска се одбележува 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, државен празник и неработен ден за сите граѓани.

Денот се празнува по повод основањето на Македонската револуционерна организација во Солун. Имено на 23 октомври 1893 година во куќата на солунскиот книжар Иван Хаџи Николов во Солун се собрале шестмина млади мажи за да ги ставаат основите на тоа, коешто ќе стане симбол и знаме на борбите на Македонците за слобода. Основоположниците биле: Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Aрсов, Иван Хаџи Николов, Антон Димитров и Христо Батанџиев. Тие основаат конспиративна група, нарекувајќи ја македонски револуционерен комитет.

Организацијата се борела за ослободување на Македонија со сопствени сили, без помош од надвор. Формирањето на МРО значело почеток на организираното македонско револуционерно движење кое преку Илинден 1903 и Крушевската република, а потоа преку НОБ резултира со создавање современа самостојна македонска држава. Овој датум се поврзува со организираната борба на македонскиот народ и народите кои живееле во Македонија за формирање независна држава. Во политичка смисла, борбата за автономија значела формирање самостојна држава и затоа 23 октомври симболизира континуитет на македонската борба за независност.

Петар Поп Арсов: „Секој што однадвор ќе ни ја подари слободата, ќе ни ја земе земјата“.

Дамјан Груев: Доста е, подобро ужасен крај, отколку ужас без крај!

Христо Татарчев: Македонија не е една колонија, која би можела да се третира на сфери на влијанија… македонскиот народ не може да трпи слични комбинации за делба на неговата родна земја. Македонија била и си останува култ на македонскиот народ, на неговата религија, род, јазик, на реликвиите на нејзините дедовци и прадедовци

Иван Хаџи Николов: Да се пишува за една организација, која за резултат го има упропастувањето на Македонија, макар што тоа не е самата Орранизација, туку Софија со својот цар, со своите министри и генерали, со својата државна, а не национална политика, ја погреба Македонија и и` причини огромни жртви во луѓе и материјални блага, а јас пак се чувствувам виновен за сите тие злосреќни што со моите другари станавме причина за револуционизирањето и, во последица на тоа, погубувањето на Македонија и Македонците. И јас му се чудам на македонскиот дух како тие луѓе не не` убија со камења откако го согледаа грозниот излез на нашата револуционерна иницијатива. Цела Македонија, како еден човек, со трогателна еднодушност тргна по нас, ни ја даде сета своја поддршка и својата морална доверба; ние го водиме кон ослободување, а излезе дека сме го воделе кон упропастување и кон ново, уште потешко ропство; и при такви, дијаметрално противположни резултати, пак да не не` обвинува, да не не` навредува, да не мрмори против нас – создавачите на Револуционерната организација, туку молчаливо и со полна покорност на својата судба, да си го подземе тешкиот голготски крст, – тоа предизвикува во мене адмирација, и велам: „Македонци, вие не сте само херои, туку и светци. За вас сите жртви се заслужени.“

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…

Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…

Вајц: Бев мета затоа што одбив да…

Тој се пожали дека бил цел на…

Важно известување: АХВ со нови мерки за…

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…

Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…

Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…

Дебитантот Деспотовски: Против Белгија мораме да бидеме…

Македонската фудбалска репрезентација в петок на 6…