(Видео) ЧЕТВОРИЦА ЗАГИНАА ВО ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАД ВО ТУРЦИЈА – Хеликоптери кружат над предградие во Анкара

t

Терористички напад денеска беше извршен врз комплексот на националната воздухопловна компанија на Турција „ТУСАШ“ во предградие на Анкара, соопшти министерот за внатрешни работи Али Јерликаја на социјалната мрежа Икс

Министерот за внатрешни работи на Турција, Али Јерликаја потврди дека четири лица загинале, а 14 се повредени во терористичкиот напад во областа Кахраманказан, предградие на Анкара. Во акцијата која следеше неутрализирани се и двајца напаѓачи.

Според турската приватна телевизија Си-Ен-Ен-Турк, терористите активирале автомобил-бомба на влезот на комплексот и отвориле оган од огнено оружје. Над областа кружат воени хеликоптери.

Медиумите известуваат дека се земени заложници, но и дека во тек се судири помеѓу напаѓачите и безбедносните сили. Засега нема официјална потврда за заложници.

https://x.com/Xx17965797N/status/1849109794231087535?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1849109794231087535%7Ctwgr%5Eae3259990d4cef4428c29769be664256ee99886d%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fplusinfo.mk%2Fchetvorica-zaginaa-vo-teroristichki-napad-vo-turci-a-helikopteri-kruzhat-nad-predgradie-vo-ankara%2F

Првично беше слушната експлозија на влезот на комплексот, а потоа се слушнале истрели.

Според телевизијата НТВ, напаѓачите се вооружени со автомати и пиштоли, а можно е да носеле и експлозиви и муниција.

Неколку телевизии прикажаа снимки од видеокамери на кои се гледаат лицата на напаѓачите. Се смета дека најмалку двајца учествувале во нападот – маж и жена, облечени во црна облека. На социјалните мрежи се објавени голем број видеа.

Вработените во корпорацијата „ТУСАШ“ се скриле во специјални простории според инструкциите, додека чекале специјалните единици да интервенираат.

„ТУСАШ“ е една од најважните турски компании во областа на одбранбената индустрија и воздухопловството. Компанијата го произведува првиот национален борбен авион на Турција – КААН.

Во меѓувреме, Високиот совет за радио и телевизија на Турција воведе ограничувања за медиумското известување за терористичкиот напад.

Главното обвинителство на Анкара нареди истрага за нападот, информира министерот за правда Јилмаз Тунч.

Засега ниту една групација не ја презеде одговорноста за нападот. Неколку напади во Турција беа извршени од терористички групи како „Исламска држава“, ПКК и левичарски групации.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Турскиот министер сугерираше кој би можел да…

Турскиот министер за одбрана сугерираше дека зад…

(Видео) ЧЕТВОРИЦА ЗАГИНАА ВО ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАД ВО…

Терористички напад денеска беше извршен врз комплексот…

Што е ТУСАШ, комплексот во Анкара кој…

Турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја…

Трифунов се жали: Македонски судии дојдоа да…

Румен Трифунов, тренерот на тимот на ЦСКА…