Казни за антиваксерите ќе се предвидат со стратегијата за вакцинирање во Македонија, најави Таравари
Дали и какви мерки може да се преземат против антиваксерите во земјата ќе се знае откога ќе се изработи стратегија за вакцинирање. Министерот за здравство Арбен Таравари вели дека на неа веќе се работи.
„За жал, антиваксерството, не само во Македонија туку во регионот, како и во светот, зема сè поголем замав. Ние со Светската здравствена организација подготвуваме стратегија за вакцинација во Македонија. Се надевам дека во ноември или во декември ќе го промовираме тоа. Тука ќе кажеме конкретни чекори и што можеме да преземеме законски за оние што шират дезинформации и лажни вести. Засега не можам да кажам нешто конкретно бидејќи не знам кои се нашите можности како Министерство за здравство. Би сакал да ја видам стратегијата комплетно и преку тоа да предвидиме одредени мерки, доколку можеме да преземеме такви“, рече министерот Таравари.
Тој нагласи дека антиваксерството, за жал, е веќе глобален проблем и мерките ќе се предвидуваат во соработка со Светската здравствена организација.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Демонстрантите во Тирана се обидоа да ги…
За време на вчерашниот протест во Тирана,…
(Видео) Голем пожар во индустриската зона на…
Голем пожар избувна во индустриската зона на…
Нема повеќе да роварат одвнатре – велат…
Движењето ЗНАМ – За наша Македонија објави…
Денес започнува обврската за зимска опрема
Како и секогаш, и оваа година остануваме…
Кирил Петков: Русија сака да одлучува наместо…
Русија сака да одлучува наместо нас што…