Гаши загрижен за Украина: Ова не е, и не смее да биде битка само на Украина, ова е и наша битка, на сите демократски сили

t

Особена чест што сум денеска тука, заедно со моите колеги, претседатели на парламенти на демократски држави, сите обединети во поддршката на Украина и Крим за зачувување на територијалниот интегритет и суверенитет и одбрана од руската агресија, истакна претседателот на Собранието, Африм Гаши на Третиот парламентарен самит на меѓународната кримска платформа.

Оваа битка, потенцира во говорот Гаши, не е и не смее да биде битка само на Украина.

„Ова е и наша битка, битка на сите демократски сили, затоа што мора здружено и обединето да се спротивставиме на сите оние кои сакаат со непочитување на територијалниот интегритет и суверенитет, и со непочитување на меѓународното право и принципи, преку агресија да освојуваат туѓи територии и притоа да нанесуваат голема неправда и големо злосторство врз невините граѓани“, рече тој.

Со нашето присуство тука, ние денеска , појасни првиот човек на Собранието, ја потврдуваме нашата непоколеблива посветеност на принципите кои нѐ поврзуваат заедно: почитувањето на територијалниот интегритет, суверенитет и правото на самоопределување.

„Ситуацијата на Крим не е само регионална грижа; тоа е глобален предизвик за меѓународниот поредок заснован на правила.

Тековната окупација и анексија на Крим од страна на Руската Федерација претставува очигледно кршење на меѓународното право и наша колективна одговорност е да се справиме со оваа неправда.

Денеска, кога сме собрани овде на едно место за да ја изразиме нашата цврста поддршка не само на Украина и Крим, туку и за демократските вредности кон кои сите ние се стремиме слобода, мир и почитување на човековите права одбележуваме еден значаен јубилеј, а тоа е 80 години од депортацијата на Кримските Татари од нивните древни огништа.

Важно е да се сеќаваме на овие трагедии, да зборуваме за жртвите, за траумите и за последиците од тие трауми, за ваквите злосторства да не се повторуваат“, додаде тој.

Гаши уште еднаш ја потврди македонската подршка за Украина.

„Дозволете ми на крајот, во мое лично име, и во име на Собранието на Република Северна Македонија уште еднаш да ја потврдам нашата подршката за украинскиот народ и држава со сите наши можности, сѐ до целосна слобода на Украина“, истакна тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Гаши загрижен за Украина: Ова не е,…

Особена чест што сум денеска тука, заедно…

(Видео) Шокантна снимка од помилуваниот шеф на…

Жестоки реакции од опозицијата предизвика празничното помилување…

Koj сака нека честита: Почна средбата на…

Во просториите на Министерството за надворешни работи…

Градоначалникот на Струмица го напушта Зелс –…

Го напуштаме ЗЕЛС!!! Со огромна грижа кон…

Казни за антиваксерите ќе се предвидат со…

Дали и какви мерки може да се…