Досега гласаа 25 милиони Американци на изборите во САД – Харис и Трамп, речиси, израмнети во финиш на кампањата
Демократката Камала Харис и републиканецот Доналд Трамп влегуваат во финиш на кампањите за изборите на 5 ноември. Последните анкети укажуваат дека двајцата кандидати се, речиси, израмнети додека во делови на Соединетите Американски Држави веќе почна гласањето. Меѓу нив и држави кои се важат за клучни, како Северна Каролина и Џорџија, но и на Хаваи, во Мизури, Аризона, Висконсин и во Јута. Своето граѓанско право, според медиумите, досега го искористиле над 25 Американци – лично, преку електронски пат и по пошта.
Харис во еден од последните настапи рече дека нејзината администрација ќе се разликува од актуелната на Џо Бајден. Таквиот обид за дистанцирање од Бајден доаѓа во момент, кога анкетите укажуават дека претседателот во заминување ја кочи нејзината кандидатура. Вети дека ќе се заминава со високите цени на секодневните намирници за граѓаните, рече дека е време за запирање на војната на Блискиот исток, а нејзиниот ривал Трамп го нарече „фашист и опасност за благосостојбата и безбедноста на Америка“.
Трамп, пак, од Флорида изрази поддршка хиспаноамериканската заедница. Упати критики на сметка на Харис дека „спие“, а го искористи момент за забелешки на администрацијата на Бајден поради протекување на доверливи документи во кои, наводно, се исцртуваат израелските планови за напад на Иран. Но, и за американската економија. Во случај на пораз на изборите, пред гласачите порача дека можеби повеќе ќе немаат држава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Судот одреди парична казна од 10 илјади…
Судот во Струга го прогласи за виновен…
Вредноста на синдикалната минимална кошница за два…
Минималните трошоци на едно четиричлено семејство во…
Ова не е Израел, ниту Иран, ова…
Општинската организација на СДСМ во Конче реагира…
ОЈО потврди: Уапсено е лицето од Народна…
Уапсен вработениот во Народна Банка за кого…
Тројца лишени од слобода за разбојништво во…
На 19.06.2025 на подрачјето на Гази Баба,…