Мицкоски до Фон Дер Лајен: Посветени сме на европскиот пат, но очекуваме да не се соочуваме со барања спротивни на вредностите на ЕУ

t

Остануваме посветени на патот кон полноправно членство во ЕУ, но очекуваме ЕУ да ги уважи легитимните барања на граѓаните дека во иднина нема да се соочуваме со барања кои се во спротивност на вредностите на ЕУ, рече премиерот Христијан Мицкоски во своето денешно излагање на заедничката прес конференција со претседателката на Европската комисија, Урсула фон Дер Лајен.

„Остануваме цврсто посветени како влада на својот пат кон полноправно членство во ЕУ. Нашата визија е јасна – сакаме да бидеме дел од европското семејство споделувајќи ги истите вредности на демократија, владеење на право и почитување на човековите права. Владата ја цени заложбата на Претседателката за проширувањето на ЕУ во најскоро време. Очекуваме, ЕУ, заедно со нас, да помогне во изнаоѓање начини како да го продолжиме нашиот европски интегративен пат истовремено уважувајќи ги легитимните ставови на нашите граѓани дека во иднина нема да се соочуваме со барања кои се во длабока спротивност со идеите и вредностите на коишто почива самата ЕУ“, рече Мицкоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тошковски: Законот важи за сите исто, МВР…

Воопшто е небитно дали насилникот е Македонец,…

Нема лекарска грешка во лекувањето на родилката…

Комисијата за надзор над стручната работа, формирана…

Љупчо Пецов – Ѓаволот признал вина и…

Љупчо Пецов, познат како „Ѓаволот“, е правосилно…

Општина Центар два месеца не издала одобрение…

Министерката за образование и наука Весна Јаневска…

ЦИА предупредува за руска закана со дронови…

Американските разузнавачки служби споделиле извештај со неколку…