НАСА: Делови од Шпанија за 30 години ќе бидат претопли за живеење

t

Одредени делови на Шпанија, вклучувајќи ги Мадрид, Валенсија и Андалузија, ќе бидат премногу жешки за да живеат по 30 години поради климатските промени, предупреди денеска НАСА.

„Освен делови од Шпанија, до 2050 година областите како Јужна Азија, Персискиот Залив, Црвеното Море и источна Кина ќе бидат исто толку топли што животот нема да биде одржлив“, е наведено во студијата на НАСА насловена како „Премногу жешко: Како климатските промени може да направат некои места премногу жешки за живот“.

Во исто време, студијата забележува дека слични температури ќе погодат делови од Југоисточна Азија и Бразил до 2070 година.

„Настаните како топлотниот бран во Европа во 2003 година, кој однесе повеќе од 70.000 животи, ќе станат почести и потешки…Луѓето кои веќе живеат во „жешките точки“ ќе мора да се прилагодат на уште подолги периоди на топлотни бранови, додека оние кои живеат во постудените градови ќе бидат изложени на екстремна топлина на која не се навикнати“, велат експертите.

Тие предупредуваат дека големите градови ќе мора да се прилагодат пред 2050 година, особено кога станува збор за соодветна климатизација и дека е неопходно да се реши проблемот со недостигот на зелени површини во урбаните региони.

Здравствените проблеми како дехидрација, топлотен удар и кардиоваскуларни болести ќе станат почести, предупредуваат експертите

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски ги повика сојузниците „да не се…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика сојузниците…

НАСА: Делови од Шпанија за 30 години…

Одредени делови на Шпанија, вклучувајќи ги Мадрид,…

Во еден ден тешко повредени четворица моторџии

Четири лица кои управувале мотор вчера во…

Путин: Блискиот Исток е на работ на…

Рускиот претседател Владимир Путин денеска предупреди дека…