МВР му поднело кривична за местење на тендер, сега е државен секретар во Министерството!
Актуелниот државен секретар во Министерството за внатрешни работи имал кривична пријава од МВР за местење на тендер.
Сашо Петрушевски, како што стои на веб-страницата на МВР е државен секретар, а во биогафијата која стои на веб страницата можете да забележите дека е функционер повеќе од 15 години.
Од 2002 до 2005 е директор на ЈП ЕСМ Подружница Куманово, од 2009 до 2009 Советник во Советот на Општина Куманово, од 2009 до 2018 е директор на ЈП „Чистота и зеленило“ Куманово (кога и ја добива кривичната пријава, од 2022 до 2024 е директор на ЈП „Куманово – Паркинг“ Куманово.
Полицијата во 2014 година се сомнева дека во договор со фирма од Свети Николе го наместиле тендерот за набавка на 4 половни камиони за смет и го оштетиле претпријатието за околу 85 илјади евра. Според полицијата, и сопственикот на фирмата-добавувач „Дух“ кривично ќе одговара бидејќи учествувал во незаконско добивање тендер без да има уредна документација.
– Постапиле спротивно на законот и не ги провериле техничките понуди поднесени од двата понудувачи а кои се во врска со условите и барањата од техничките спецификации од тендерска документација во поглед на тоа дали понудените возила се регистрирани со македонски таблици и дали се со извршена хомологација, изјавила во 2014 година Валентина Николовска, портпарол на СВР Куманово.
– СВР Куманово пред два дена поднесе кривична пријава против уште еден од директорите на јавните претпријатија кој според нив исто така ја злоупотребил службената положба трошејќи ги парите на граѓаните на услуги во угостителски објекти во Куманово, стои во тогашното соопштение на МВР.
Инаку, за време на неговото директорување во претпријатието Сашо Петрушевски бил тужен од страна на вработена во ЈП „Чистота и зеленило“ поради психичко малтретирање, случај кој стигнал до Врховниот суд кој пак смета дека вработената не докажала дека била психички малтретирана, туку само дека била прераспределена на друга позиција во претпријатието.
Петрушевски е именуван за државен секретар со одлука на Владата на 28.06.2024.
– Во тој контекст на денешната седница за нов директор на Бирото за јавна безбедност беше именуван Александар Јанев, а на позицијата државен секретар во Министерството за внатрешни работи е именуван Сашо Петрушевски. Во оваа прилика сакам да упатам честитки за нивното именување и сигурен сум дека сите заедно ќе работиме во насока на подобрување на безбедноста и стабилноста во Македонија, напиша министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во објава на социјалните мрежи.
Ова е уште еден во низата случаи каде функционери во Владата се лица со кривични пријави, лица со фалсификувани дипломи, Владата дури назначи и заменик-директор на зтавор лице кое издржувало казна затвор во истата институција, но се пишмани по објавата на Инфомакс и реакциите од јавноста.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
МВР му поднело кривична за местење на…
Актуелниот државен секретар во Министерството за внатрешни…
Неофицијално: Бојан Христовски е нов директор на…
Бојан Христовски е назначен за нов директор…
Продолжува судењето за убиството на Вања и…
Во скопскиот Кривичен суд денеска продолжува судењето…
МВР алармира за нова измама: Лажни профили…
Министерството за внатрешни работи алармира за нови…
МВР за инцидентот во Слатино: Сопругот ќе…
МВР се огласи по повод ужасот во…