Свечено отворен Конзулатот на Република Србија во Куманово
Во Куманово свечено беше отворен Конзулатот на Република Србија. Конзулатот ќе работи на подобрување на односите меѓу двете земји и граѓаните во областа на културата, образованието, економската соработка и туризмот.
На отворањето присуствуваа претставници на владите на двете земји, вицепремиерот и министер за односи со заедниците Иван Стоиљковиќ, министерот за култура и туризам Зоран Љутков, министерот за спорт Борко Ристовски, министерот за труд, вработување и социјала Немања Старовиќ, амбасадорот на Србија Невена Јовановиќ, градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски и заменик градоначалникот на Старо Нагоричане Бобан Цветановски, како и претставници на дипломатскиот кор.
Српскиот министер за труд, вработување и социјала Немања Старовиќ во своето обраќање пред присутните рече дека конзулатот дополнително ќе ги зајакне добрите односи меѓу двете земји на различни полиња.
„Посебно ни е драго што овој конзулат се отвора во Куманово. Многубројната српска заедница од градот и од Македонија ќе има голема корист од овој конзулат. Нека живее вечно братството и пријателството на двата народа“, рече Старовиќ.
Вицепремиерот и министер за односи со заедниците Стоиљковиќ во својот говор истакна дека отворањето на конзулатот е потврда за добрите односи меѓу двете земји, што го потврдува и присуството на министрите на двете земји.
„Тоа само покажува дека сме на добар пат, дека односите меѓу Србија и Македонија достигнуваат највисоко можно ниво, бидејќи граѓаните на двете земји имаат желба за тоа. Нашата работа како политичари е желбата на граѓаните според објективни околности, можноста тоа да се направи што подобро, што поуспешно, да се отворат пошироки врати за соработка. Во наредниот период Владата на Македонија има намера да ги развива односите на подобро и повисоко ниво. Почесните конзулати се дел од големата приказна за можностите што ги дава соработката која е во интерес на граѓаните од двете страни на границата и не треба да има никакви пречки, доколку ги има, ќе се обидеме да ги надминеме со поддршка на граѓани од едната и од другата страна“, рече Стоиљковиќ.
Кога станува збор за српската заедница, тој истакна дека тие ја негуваат својата позиција и послободно и позначајно ги подобруваат своите права.
„Куманово е мултиетнички, различно по многу нешта, но обединето во многу работи, сака просперитет, подобар живот за своите граѓани, пријатели. Сите се добредојдени во Куманово“, рече Димитриевски, посочувајќи на силните роднински врски меѓу кумановци и жителите од различни градови во Србија.
Почесниот конзул им се заблагодари на владите на Србија и Македонија за укажаната доверба за зајакнување на односите меѓу двете земји кои претходно споделуваа заедничка историја, култура и семејни односи, испреплетени со заедничка традиција.
Контактите на државните претставници, рече тој, само ја потврдуваат соработката за време на глобалните предизвици како што е здравствената и енергетската криза. Неговиот фокус ќе биде на зајакнување на врските и поддршка на Србите кои живеат во земјата.
„Верувам дека моите деловни врски во Македонија ќе ја олеснат соработката на нашите земји заедно за подобрување на трговските инвестиции, културните иницијативи од кои корист ќе имаат сите граѓани. Ќе ја искористам мојата позиција да им помогнам на невладините организации, културно-уметничките друштва кои ја негуваат српската култура на Србите кои живеат во Македонија“, рече Стајиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Свечено отворен Конзулатот на Република Србија во…
Во Куманово свечено беше отворен Конзулатот на…
Во Србија е потврден вирусот на птичји…
Откако беше пронајден мртов лебед во заливот…
Вучевиќ: Србија е најуспешната земја во регионот
Премиерот на Србија, Милош Вучевиќ, денеска на…
Вучиќ и Путин денеска ќе имаат телефонски…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска телефонски…
Се зголемува бројот на македонски ученици кои…
Од 2012 година кога во основното училиште…