Се јави Османи: Бугарите во Македонија се наши сограѓани, не се бугарски државјани
Уставните измени да се прифатат што поскоро бидејќи останувањето во место само ни ги ослабува позициите на евроинтегративниот пат, оцени поранешниот министер за надворешни работи Бујар Османи.
Османи, во интервју за Канал 5, вели дека процесот мора да се одржи жив и уставните измени се потребни за отпочнување на преговорите и отворање на кластерот фундаменти.
-За нас беше важно да се заклучат прашања кои се стожерот на нашите позиции како држава, тенденциите од Бугарија не беа во наш прилог. Бугарите во Македонија се наши сограѓани, не се бугарски државјани, а успехот на нашата дипломатија беше Софија да каже „не ни поминуваат прашањата за историја и идентитет – дајте барем да се внесат Бугарите во уставот“. Не се обидувам да релативизирам за лошите барања што ги има Бугарија, стоењето во место ни ги ослабува позициите, изјави Османи
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Необична светлина над Шар Планина: Жител…
Жител на Брезовица вчера вечерта забележал и…
Македонија претпоследна во Европа по минимална плата
Според најновите податоци на Евростат, Македонија е…
Филков: Максим Димитриевски кандидат во Куманово, ЗНАМ…
Претседавачот на Централниот одбор на ЗНАМ Игор…
Нема веќе “Никогаш Северна”: Седум години од…
На денешен ден, 17 јуни, пред точно…
СТАНАРИ ВО СКОПСКИ АЕРОДРОМ БАРААТ ПОМОШ ОД…
Две години жителите во зграда на булевар…