Дачиќ: Откривме големи измами, жртвите останале без милионски суми
Mинистерот за внатрешни работи на Србија Ивица Дачиќ рече дека во заедничка операција на Високото јавно обвинителство, Специјалниот оддел за борба против високо-технолошкиот криминал и Службата за борба против високо-технолошкиот криминал на Техничката дирекција, со истражните тела на Германија и Кипар, меѓународниот синџир на интернет измама преку т.н. кол центри, вчера е пробиен меѓународен синџир на интернет измами кои повикуваат на инвестиции во криптовалути, објавија српските медиуми.
Дачиќ додал дека во таа прилика во Белград бил пронајден нелегален кол центар, каде што биле пронајдени десетици вработени, за кои се проверува дали учествувале во измамнички активности.
Според официјалната изјава на Европол, досега се идентификувани околу 120 жртви, кои изгубиле околу 12 милиони евра.
Сепак, понатамошните проценки од страна на германските истражувачи покажуваат дека имало многу повеќе жртви низ светот и дека измамата изнесувала најмалку 300 милиони евра.
Како резултат на оваа истрага, беа идентификувани голем број осомничени, меѓу кои и главниот сторител од Кипар, кој сега е уапсен.
– По акцијата, Сојузното обвинителство и полицијата на Германија изразија благодарност до Службата за борба против високотехнолошкиот криминал и до регионалните полициски управи на Полициската управа, како и до Специјалното одделение на Обвинителството за борба против високотехнолошкиот криминал, за нивно учество во наведената акција бидејќи при претресот се пронајдени материјални докази за водење на кривична постапка и натамошно гонење на осомничените од страна на германските истражни органи – рече министерот Дачиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дачиќ: Откривме големи измами, жртвите останале без…
Mинистерот за внатрешни работи на Србија Ивица…
Скопските таксисти имаат конкуренција во Сплит: 209…
Таксистите не престануваат да изненадуваат со наплата…
Манчини не издржа во С. Арабија –…
Саудиска Арабија ќе мора да бара нов…
Македонецот Шортс со неверојатна партија!
Кошаркарите на Париз триумфираа со 86-80 против…
Скопје заслужува нов Клинички центар, но дали…
Министерот за здравство Арбен Таравари смета дека…