Лајен му се налути на Вучевиќ

t

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен ја откажа средбата со српскиот премиер Милош Вучевиќ закажана за денеска за време на нејзината посета на Белград, а причина беше неговата денешна средба со рускиот министер за економски развој Максим Решетњиков, пренесува N1.

Фон дер Лајен пристигна во Белград во рамките на својата четиридневна турнеја низ Западен Балкан, а претходно денеска, по средбата со српскиот претседател Александар Вучиќ, рече дека длабоко верува оти иднината на Србија е во Европската Унија, но конкретно не го процени времето на можниот прием, нагласувајќи дека тоа е „процес на усогласување со ЕУ, кој го дефинира процесот на пристапување“ на секоја земја поединечно.

Откажувањето на средбата Фон дер Лајен-Вучевиќ за Радио Слободна Европа (РСЕ) го потврдил портпаролот на ЕК Ерик Мамер, а за АФП шефот на Делегацијата на ЕУ во Србија, Емануел Жофре.

– Го откажавме состанокот со (српскиот) премиер по (неговиот) состанок со министерот за економија на Руската Федерација, додаде Жофре и, според извештајот на агенцијата Бета, изјави дека „таму била назначена намерата на Србија да ги зајакне своите економски односи во други области со Руската Федерација“. ј

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ФБИ и МВР разбиле сајбер-шема: 20-годишник од…

Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава…

Тошковски: Трговијата со луѓе е глобален проблем,…

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски учествуваше…

Над 244 илјади туристи ја посетиле Македонија…

Македонија во август ја посетиле вкупно 244.513…

„Хакер“ од Мала Речица паркирал бесплатно, па…

Дваесет и двегодишен жител на Мала Речица…

Потерницата за Михајлова стигнала во бугарското МВР

Бугарското Министерство за внатрешни работи добило известување…