Во дражавата каде живеат голем број Македонци се повлекуваат 28 милиони шишиња Кока Кола
Компанијата Кока Кола објави дека повлекува 28 милиони пластични шишиња од половина литар од продавниците во Австрија поради ризикот да содржат мали парчиња метал поради техничка грешка при производството.
Компанијата објави дека се работи за „претпазлива мерка“ и дека тесно соработува со австриските власти, како и дека се работи само за шишиња од половина литар и оние со ознаки да се користат меѓу 4 февруари и 12 април 2025 година.
Повлекувањето не влијае на сите големини на пакувања или други марки. Потрошувачите можат да вратат таков производ во австриските малопродажни продавници со враќање на куповната цена, дури и без да приложат сметка“, се наведува во соопштението.
Се додава дека не се продадени сите шишиња што потенцијално содржат метални парчиња и можеби се уште се наоѓаат во магацините на компанијата или во магацините на мало.
Како што јави Дојче веле, ова е најголемото повлекување на Кока Кола во Австрија во последните најмалку 25 години.
Инаку добро познато е дека во Австрија живеат и работат голем број Македонци.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во дражавата каде живеат голем број Македонци…
Компанијата Кока Кола објави дека повлекува 28…
Свештеници проневериле 3 милиони евра од црквата…
Претседателот на грчката управа за спречување перење…
ИРАН СЕ СПРЕМА ЗА НАЈАВЕНИОТ НАПАД ОД…
Иран ѝ нареди на својата војска да…
Трендафилов: Тешко е да преживеете со 370…
Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) очекува…
На тронот на Европа: Ова е најпродаваниот…
Првото место го зазеде "Tesla Model Y",…