(Видео) Ахмети: Како се задира јазик кој е платен со крв?!
Северна Македонија ќе напредува доколку двете најголеми етнички заедници, Албанците и Македонците, имаат добри односи, бидејќи овие две заедници ја имаат главната одговорност за иднината на државата, порача претседателот на ДУИ, Али Ахмети, пред граѓаните на Сарај, како дел од средбите за заштита на легитимноста. Ахмети ја повика секоја македонска партија јасно да им кажат на Македонците дека оваа земја им припаѓа и на Албанците, кои не се кираџии.
„Денеска е патриотизам да се почитува идентитетот, културата, јазикот на сограѓаните. Не е патиротизам да војуваш и освојуваш, да го смениш Законот за употреба на јазиците. Како се задира јазикот?! Ние го плативме со крв! Како се отвораат стари рани кои болаат повеќе од новите рани?! Како можете да задирате врз етничката припадност?“, вели Али Ахмети.
Освен употребата на јазиците на судски рочишта, Венецијанската комисија даде мислење и за употребата на албанскиот јазик во банкнотите и униформите на армијата.
Предметот за Законот за јазиците се состои од 13 граѓански иницијативи, политички партии, разни здруженија и е формиран во 2019 одина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Почина Агром Мемеди, поранешен македонски репрезентативец
Во Тетово денес почина поранешниот македонски репрезентативец…
(Видео) Иран го нападна Бахреин
Властите во Бахреин утрово издадоа две предупредувања…
„Њујорк пост“: Москва наводно ја укинала неформалната…
Рускиот Совет за безбедност наводно ја укинал…
Вандали запалиле контејнери со ѓубре во Ново…
Скопје нема да биде заложник на вандали,…
Здруженијата на лица со дијабетес бараат сензори…
На одбележувањето на Светскиот ден на дијабетесот…