Ги вративте стрелките? Почна зимското сметање на времето

t

Со поместување на часовниците за еден час наназад вечерва започна зимското сметање на времето.

Зимското сметање на времето започна вечерва со поместување на часовникот за еден час наназад во три часот. Зимското сметање на времето почнува од секој последен викенд во октомври ноќта меѓу сабота и недела, додека летното сметање на времето почнува од последната недела од март, кога времето се поместува еден час нанапред.

Поместувањето на стрелките на часовникот дава дополнителен час сон и подготовка за претстојните зимски денови, но, како што покажаа студиите, може да предизвика и одредени здравствени проблеми.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ