СДСМ: Оставка за скандалозните помилувања од Сиљановска и одговорност од нарачателите
Очигледно власта мисли дека комисијата треба да е жртвено јагне за да се спаси Сиљановска и нарачетелите на овие скандалозни помилувања, соопштија од СДСМ.
Од партијата велат дела претседателката Силљновска ги дава и одлучува за помилувањата, а не комисијата и дека целосната одговорноста е кај неа.
„За скандалозните помилувања мора да има одговорност и за Сиљановска и за нарачателите. Во април 2023 година унгарската претседателка Каталин Новак си поднесе оставка поради скандал со помилување на едно лице.
Сиљановска помилуваше и нарко бос и осудени криминалци, вмешани во шпионски афери. Нели Унгарија и Орбан се моделот кој го следи Христијан Мицкоски?
Еве по примерот на Унгарија нека се одважи Сиљановска и нека понесе одговорност, нека си даде оставка“ порачаа од СДСМ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Денес започнува обврската за зимска опрема
Како и секогаш, и оваа година остануваме…
Кирил Петков: Русија сака да одлучува наместо…
Русија сака да одлучува наместо нас што…
Иран соопшти дека со шест дрона нападнал…
Иранската Исламска револуционерна гарда утринава соопшти дека…
Песков откри каде и кога ќе се…
Рускиот претседател Владимир Путин, неговиот кинески колега…
Мосад ја извести ЦИА за наводни планови…
Израелската разузнавачка служба „Мосад“ ја извести американската…