„Се скараа па се смирија“ – Мицкоски му честита на Бојко – верува во заедничко решение со Владата на ГЕРБ

t

Денес остварив искрен и пријателски телефонски разговор со господинот Бојко Борисов, на кој со задоволство му ја честитав победата на сестринската партија ГЕРБ на парламентарните избори во Бугарија.

Во текот на разговорот изразив уверување дека ќе се формира стабилна Влада на десниот центар во Бугарија, која ќе даде придонес во отстранувањето на пречките што го успоруваат македонскиот пат кон Европската Унија. Верувам дека само со заеднички напори и дијалог можеме да градиме подобра иднина за сите граѓани на нашите две земји.

Очекувам дека македонско-бугарските односи ќе продолжат да се развиваат во позитивен и продуктивен правец, водени од почит и разбирање, за доброто на сите нас.

Фејсбук статус на премиерот Христијан Мицксоки

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кирил Петков: Русија сака да одлучува наместо…

Русија сака да одлучува наместо нас што…

Иран соопшти дека со шест дрона нападнал…

Иранската Исламска револуционерна гарда утринава соопшти дека…

Песков откри каде и кога ќе се…

Рускиот претседател Владимир Путин, неговиот кинески колега…

Мосад ја извести ЦИА за наводни планови…

Израелската разузнавачка служба „Мосад“ ја извести американската…

Снегот ги затрупа патиштата во Хрватска, а…

Во Хрватска, особено во планинските предели на…