,,СДСМ ДЕМОЛИРАНА ДА НЕ ШИРИ ДЕЗИНФОРМАЦИИ”; Хуманитарниот конвој со години минувал без да плати патарини
СДСМ демолирана, наместо да шират дезинформации и да се впуштаат во лов во матно, да ги научат правните норми и прописи по кои работи Јавното претпријатие за државни патишта и конечно да започнат со консолидација на партијата, реагира попладнево ВМРО-ДПМНЕ. Реакцијата следи по прес-конференцијата на која СДСМ обвини дека десетици возила незаконски се пропуштени да поминат на неколку патарини без да платат.
.„Наводниот скандалво ЈПДП за 40-те возила кои се пропуштени без да платат патарина е хуманитарен конвој кој години наназад, откако почнал, поминува без да плати патарина. Тоа било пракса и тоа СДСМ добро го знаат. СДСМ прво да ги научи правните норми и прописи по кои работи ЈПДП, да ги разберат, да научат да ги толкуваат, за потоа да можат да увидат дали постои прекршување, злоупотреба или евентуално простор за санкции, за да не се сведуваат на ниво на шпекулации и лов во матно“, реагира ВМРО-ДПМНЕ.
Претпријатието работи според сите законски прописи, се додава во соопштението, и за 4 месеци направи повеќе отколку СДСМ за 7 години.
„Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ секојдневно работи за конечно државата да стане домаќин на три раскрсници, транспортна, железничка и енергетска. Приоритет на оваа влада предводена е економска трансформација и градење на институциите и инфраструктурата. Наместо да манипулираат и шират дезинформации, СДСМ треба сериозно да се зафати да си ја консолидираат партијата и да не шират шпекулации“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Од Јавно претпријате за државни патишта, пак, информираа дека колоната добила дозвола за непречено движење, а за патарините клубот „The distinguished gentlman`s drive“, што го организираше хуманитарниот настан, ќе добие фактура.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
27 преживеани, 40 загинаа во падот на…
Министерството за вонредни ситуации на Казахстан соопшти…
Тренчевска: Која е фактурата што ВМРО-ДПМНЕ ја…
– Која е фактурата што ДПМНЕ и…
Украина најде одговор за рускиот Орешник?
Британскиот весник „Економист“ на 23 декември 2024…
Словенија го забрани величење на четниците и…
Парламентот на Словенија гласаше за измена на…
(Видео) Демонстрации против Трамп во Панама: „Рацете…
Стотици луѓе демонстрираа во вторникот пред американската…