МОЖЕ ДА СЕ ПИЕ ВОДАТА ВО СТРУМИЦА; Костадинов објави дека забраната е укината, водата од водоводот е безбедна

t

Анализите од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) покажаа дека водата од водоводната мрежа во Струмица е питка, објави градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов на Фејсбук.

Тој наведува дека резултатите на Инстиутот за јавно здравје се побиени.

„Анализите од Агенцијата за храна и ветеринарство, од три акредитирани приватни лаборатории и од Центарот за јавно здравје Струмица ги побија резултатите на Институтот за јавно здравје, кои нè измачуваа сите нас како струмичани“, пишува Костадинов.

Тој им се заблагодари на надлежните од АХВ што го потпишале решението за укинување на забраната за пиење на водата од струмичкиот водовод.

„Благодарам на професионалците од АХВ што се одважија и го потпишаа решението за укинување на забраната! На сите кои се ситевте, во овие за нас струмичани тешки и мачни денови, ви простувам од дното на мојата душа. Останува да се седне повторно со надлежните институции и да се изнајде решение за проблемот на браната Турија. Народе мој благодарам на истрајноста, трпението и поддршката која ми ја дававте мене и на професионалците од ЈПКД Комуналец, во оваа битка за Струмица. Борбата продолжува.“, вели Костадинов.

Водата за пиење во Струмица и шест населени места беше забранета за употреба пред еден месец заради зголемено присуство на манган и во последните мерења заради зголемено присуство на колиформни бактерии.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…

Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…

Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…

Во рамки на работната посета на Берлин,…

(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…

На социјалните мрежи се појавија информации и…

Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…

Во 2027 година возилата на Министерството за…

Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…

Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…