Мицкоски: Сигурно е само дека еден ден сите ќе умреме и дека нема да пораснат платите на функционерите
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски денеска изјави дека „едно е сигурно“, а тоа е дека функционерските плати нема да се зголемат.
Според него, тоа ќе се направи преку корекција на коефициентите на платите.
– Не знам како е, треба да видат одговорните лица. Едно е сигурно, покрај онаа работа дека еден ден сите ќе заминеме од овој свет, е дека од догодина нема да има зголемување на платите на функционерите – рече премиерот пред почетокот на Првата годишна конференција на „Блумберг Адрија“ во Скопје.
Инаку, беше предвидено платите на функционерите од јануари 2025 година повторно да се зголемат согласно растот на годишната просечна плата, која е основица за пресметување и тоа од околу 330 евра за највисоките функционерски плати за премиерот, претседателот и спикерот, па до околу 130 евра за најниските.
Избраните и именувани функционери од април минатата година земаат плати повисоки за 78 отсто, што предизвика незадоволство и протести кај разни групи работници и кај пензионерите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Иран соопшти дека со шест дрона нападнал…
Иранската Исламска револуционерна гарда утринава соопшти дека…
Песков откри каде и кога ќе се…
Рускиот претседател Владимир Путин, неговиот кинески колега…
Мосад ја извести ЦИА за наводни планови…
Израелската разузнавачка служба „Мосад“ ја извести американската…
Снегот ги затрупа патиштата во Хрватска, а…
Во Хрватска, особено во планинските предели на…
Почина Агром Мемеди, поранешен македонски репрезентативец
Во Тетово денес почина поранешниот македонски репрезентативец…