АХВ потврди дека водата во Струмица е питка
Во неговата објава на својот фејсбук-профил наведува дека анализите од АХВ, три акредитирани приватни лаборатории и Центарот за јавно здравје Струмица, ги побиле резултатите од Инстиутот за јавно здравје.
„Анализи од Агенцијата за храна и ветеринарство, три акредитирани приватни лаборатории и Центар за јавно здравје Струмица ги побија резултатите на Институтот за јавно здравје, кои не измачуваа сите нас како струмичани“, стои во објавата на Костадинов.
Тој им се заблагодари на лицата од АХВ што го потпишале решението за укинување на забраната.
„Благодарам на професионалците од АХВ што се одважија и го потпишаа решението за укинување на забраната! На сите кои се ситевте, во овие за нас струмичани тешки и мачни денови, ви простувам од дното на мојата душа. Останува да се седне повторно со надлежните институции и да се изнајде решение за проблемот на брана Турија“, напиша Костадинов.
Водата за пиење во Струмица и шест населени места беше забранета за употреба пред еден месец заради зголемено присуство на манган и во последните мерења заради зголемено присуство на колиформни бактерии.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Почина Агрон Мемеди, поранешен репрезентативец и член…
Македонскиот фудбал денеска гоп погоди тажната вест…
Мицкоски: Реформската агенда и клучните законски решенија…
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата интензивно…
„КИКИ ГО ЧУВАШЕ НАШИОТ БОЛЕН СИН, БЕШЕ…
Потресна исповед на семејство од Загреб открива…
Родителите од Тетово револтирани од состанокот кај…
Родителите на нападнатите деца во Тетово се…
Уапсени шест лица во Србија и Словенија…
Во заедничка акција на обвинителствата и полициите…